Languages

Состав 2015-2019

слика на тони бачваровски
Тони Бачваровски
Претседател

Инженер за компјутерски науки, дипломирал на колеџот „Ланеј“, Калифорнија.

Автор на неколку упатства и прирачници за асистивна технологија, како и иноватор на уреди и софтвер.

По пет годишен престој во Америка се врати во Македонија и во моментов е самостоен претприемач во полето на телекомуникации и применети компјутерски системи, воглавно за компании од Северна Калифорнија.

Има повеќегодишно искуство во граѓанскиот сектор, почнувајќи од радио-аматерски и иноваторски клубови во младоста, па преку Хендикеп Интернцаионал, да биде еден од основачите и прв претседател на „Отворете ги прозорците“. 

слика на африм илјази
Африм Иљази
Член

Дипломиран Педагог. Магистер по бизнис администрација  од Њујорк колеџ-Грција во соработка со Универзитетот  Курт Бош-Швајцарија.

Активен во полето на попреченоста и социјалниот развој од 1999 година, со посебен фокус на  планирање во заедницата и вклучување на прашањето на попреченоста во локалните политики.

Автор  на неколку публикации поврзани со прашањето на попреченоста  во Македонија и регионот на Југоисточна Европа.

Еден од основачите и член на Управниот Одбор на „Отворете ги прозорците“ од 2005 година.

слика на надица мурџева
Надица Мурџева
Член

Надица е дипломиран економист и работи во фармацевската компанија Плива Македонија.

Членка е на собранието од декември 2015 година.

слика на беким бекири
Беким Бекири
Член

Беким од 2008 година е менаџер на фирмата Марс Инкорпорејтед.

Тој е член на собранието на Отоврете ги прозорците од декември 2015.

слика на душко миновски
Душко Миновски
Член

Душко е дипломиран социјален работник на позиција државен советник во Министерството за трид и социјална политика.  Претседател на Комисијата за заштита од дискриминација до јануари 2016 година.

Поранешни членови

Слика на Лидија Крстевска Дојчиновска
Лидија Крстевска Дојчиновска
Член во три мандати (2005-2015)

Дипломиран дефектолог. Магистер по социјална политика со фокус на инклузивно образование. 

Авторка е на неколку прирачници и извештаи од истражувања на полето на попреченоста.

Вработена е како државен советник во Кабинетот на премиерот на Република Македонија. Има повеќегодишно искуство во граѓанскиот сектор, како раководителка на проекти при Хендикеп Интернационал (2000-2005) и „Отворете ги прозорците“ (од 2005-2009). Со своето искуство активно го поддржува и развива инклузивното образование со Република Македонија.

Еден од основачите на „Отворете ги прозорците“ во 2005 година. Во 2007 година, Собранието ја избра за претседателка на здружението, а функцијата ја вршеше до крајот на 2015 година. 

слика на биљана маневска
Биљана Маневска
Член во два мандати (2006-2015)

Родена и живее во Велес. По завршувањето на средното образование во гимназијата „Кочо Рацин“, во Велес користи инвалидска количка. Дипломира на Филолошкиот факултет, група англиски јазик при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Работи како преведувач по англиски јазик во МХК „Злетово“ повеќе од 19 години, а по престанокот на работа на компанијата оди во предвремена пензија.

Член и еден од основачите на Сојузот на лица со телесна инвалидност (денес Националeн сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија), како и на други граѓански организации на локално и национално ниво чиј фокус е проблематиката на лицата со попреченост. Учествува во повеќе  проекти, кампањи и активности поврзани со подигнување на јавната свест, отстранување на архитектонските бариери, пристапност и достапност на објектите и услугите од јавен интерес за лицата со попреченост, итн.  

слика на Златко Бошковиќ
Златко Бошковиќ
Член во два мандати (2006-2015)

Дипломиран економист, вработен во приватна фирма.

Во здружението „Отворете ги прозорците“ е од основањето, како родител на еден од првите корисници.

Член е на Управен одбор на здружението во два мандати.