Languages

Вработени

слика на Маргарита Гулевска
Маргарита Гулевска
Извршна директорка

Дипломиран филолог. Има повеќегодишно искуство во граѓанскиот сектор. Нејзината работа вклучува подготовка и раководење со проекти. Има искуство во подготовка на организациски планови и извештаи и испорака на обуки. 

Учествувала во истражувања за потребата од асистивната технологија во образованието. Автор и ко-автор на неколку публикации и анализи од областа на асистивната технологија и соработката меѓу граѓанскиот сектор и медиумите.

Во „Отворете ги прозорците“ е од јуни 2006. 

Радмила Стојковска Алексова
Дефектолог - раководителка

Дипломиран дефектолог. Магистер по асистивна технологија. Магистерската теза ја одбранила на Институтот за дефектологија при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 2013 година.

Авторка и ко-авторка е на неколку прирачници од областа на асистивната технологија и пристапноста. Има повеќегодишно искуство во испорака на обуки за примена на асистивната технологија во образованието.

Во „Отворете ги прозорците“  е вработена од 2007 година. Претходно има искуство во поддршка на инклузија на ученици со посебни образовни потреби како член на стручна служба во основно училиште (2005-2007).                

Магдалена Димкова Велевска
Дефектолог

Дипломиран дефектолог. Магистер по дефектолошки науки. Магистерската теза ја одбрани на Институтот за дефектологија при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 2012 година.

Авторка е на неколку трудови објавени и претставени на домашни и меѓународни списанија и конференции.

Од 2009 работи како дефектолог во Центарот за асистивна технологија, кој вклучува директна работа со корисници, родители, како и поддршка на професионалци при реализирање на инклузивниот процес. Исто така, има повеќегодишно искуство во испорака на обуки за примена на асистивната технологија во образованието. Како дел од тимот на „Отворете ги прозорците“, активно е вклучена во проектните активности на здружението. 

Марија Велиновска
Дефектолог

Дипломиран дефектолог. Во моментов на посдипломски студии на Институтот за дефектологија, отсек моторни нарушувања. Од 2009до 2011беше вклучена како член на стручните тимови при основните училишта „Живко Брајковски“ и „Крум Тошев“ во Скопје.

Во здружението ”Отворете ги прозорците” работи како дефектолог од октомври 2012 година.

Поранешни вработени

слика на владимир лазовски
Владимир Лазовски
Извршен директор

Роден во Скопје во 1977 година. Студирал на Економскиот факултет во Скопје.

Професионално искуство во граѓанскиот сектор од 1999 година, во повеќе организации во Македонија, Косово и Судан. Неговите клучни квалификации вклучуваат: организациско и раководење со проекти, подготовка на проекти, фацилитација и проектна оценка. Има искуство во подготовка на организациски планови и извештаи, испорака на обуки и истражувања.

Во „Отворете ги прозорците“ беше од ноември 2009 година до декември 2016. 

слика на весна јованова
Весна Јованова
Раководителка на проекти

Дипломиран професор по филозофија.

Долгогодишна активистка во граѓанскиот сектор со фокус во полето на човековите права.

Работела во повеќе организации и била ангажирана како независна консултантка при  подготовка на законски и стрататешки  решенија во областа на женските човекови права,  како на национално така и на локално ниво. 

Авторка и дел од експертски тимови на повеќе публикации и  анализи кои ја обработуваат повеќедимензионалноста на дискриминацијата. Дел од нив преведени на албански и англиски јазик.

Во Отворете ги прозорците беше од март 2014 до февруари 2017.

Олга Самарџиќ Јанкова
Специјалист за ИТ

Дипломиран математичар – информатичар.

Има дваесетгодишно искуство работејќи во македонскиот образовен систем како наставник, советник во Бирото за развој на образованието и специјалист за ИКТ во два образовни проекти финансирани од УСАИД. Раководела процеси за локализација на неколку различни образовни софтвери, како и за обука на наставниците за нивно користење во наставата.

Авторка и ко-авторка е на неколку прирачници и извештаи за користење на ИКТ во наставата. Автор на неколку трудови објавени и презентирани на домашни и меѓународни конференции.

Во „Отворете ги прозорците“ беше вработена од јуни 2013 до октомври 2015 година како ИТ специјалист.

слика на владо николов
Владо Николов
Раководител за финансии и администрација

Владо е дипломиран економист. Тој има долгогодишно работно искуство во деловниот и граѓанскиот сектор како раководител на финансии.

Во тимот на здружението беше од август 2014 до декември 2016.

Александра Спасовска
Дефектолог

Средно образование завршува во гимназијата „Георги Димитров“ во Скопје, по што своето студирање го продолжува и завршува во 2012 година на Филозофскиот факултет на Институтот за дефектологија.

Во Отворете ги прозорците работеше како дефектолог од oктомври 2012 до октомври 2015 година. 

Габриела Алексова
Раководителка за финансии и администрација

Дипломиран економист.  Постдипломските студии ги започнува во 2007 година на Европски Универзитет, отсек: Маркетинг.

Во здружението Отворете ги прозорците работеше од март 2009 до јуни 2014 година.