Мисијата на Отворете ги прозорците е Промоција и Олеснување на Пристапот до Информатичка Технологија за Лица со Хендикеп.

Принципот според кој се раководиме е Нашето Верување дека Информацијата и Знаењето треба да бидат достапни за сите! 

 

Стратегиски цели на Отворете ги прозорците се

  • Обезбедување на пристап до Информатичка Технологија за лица со хендикеп, кои имаат комплексни потреби за адаптација (e-пристап)

  • Воспоставување на рамка за градење на капацитети преку тренинзи и консултации за различни групи, кои имаат влијание на социјалната ситуација на лицата со хендикеп

  • Создавање финансиски достапни,  адаптирани уреди за лица со хендикеп (е-иновација)

  • Креирање на ресурсен центар за трансфер на “знаеш-како” технологија за лица со хендикеп (е-ресурсен центар)

Тимот на Отворете ги прозорците се наоѓа во Скопје, Македонија,  но ќе изведува активности низ сите делови на земјата. Во втората фаза, како што се развиваат активностите на здружението, Управниот одбор може да ги реплицира истите низ Балканскиот регион, за поддршка на Движењето на лицата со хендикеп во Југоисточна Европа. Отворете ги прозорците се единствени во своето поле и промовираат нови и оригинални идеи за пристапна Информатичка технологија за лица со хендикеп. Целна група се индивидуалци, организации на лица со хендикеп, образовни институции, дневни центри и др.Овој пристап ќе отстрани дел од социјалните, економските и информатичките бариери кои постојат денеска во нашата средина. Подобрувањето на пристапот до Информатичка технологија, како и зголемување на компјутерското знаење на лицата со хендикеп, ќе резултира со нови перспективи. Тие ќе можат да изведуваат специфични работни задачи и  да работат во соодветни организации и фирми, со што ќе си овозможат самостојно живеење и ќе бидат ценети како лица кои придонесуваат во општеството.