Професионалниот тим, кој работи со лицата со хендикеп во Отворете ги прозорците го сочинуваат еден Информатички Техничар, еден Дефектолог и еден Окупационен терапевт-консултант. Сите тие користат индивидуален пристап, кој што е адаптиран во однос на специфичните потреби на лицата со различен вид на хендикеп.
Тимот на Отворете ги прозорците развива критериуми, според кои ќе се направи селекција на корисниците кои доаѓаат редовно во центарот. Лицата со хендикеп ќе имаат пристап до Информатичка Технологија, употребувајќи адаптиран софтвер и хардвер, и на тој начин ќе се развијат и нивните индивидуални способности.
Целта на работата со индивидуалци е:
да се промовира е-едукација
да се подобрат основните когнитивни функции
да се постигне подобра комуникација
развој на знаење од областа на информативна технологија за зголемување на можностите за вработување
Секој корисник кој доаѓа во центарот на Отворете ги прозорците има индивидуален план за работа за да се постигнат нејзините/неговите цели, поврзани со употребата на Информатичка Технологија.
Фрекфенцијата и траењето на посетите во центарот е индивидуално и зависи од нивната индивидуална цел за користење на ИТ, како и од степенот и категоријата на оштетувањето.