Целта на постоењето на Иновативниот Центар е да создаде можности за финансиски достапни ИТ помагала за лицата со хендикеп, со цел да го подобри и зголеми  нивниот пристап до ИТ. Врз основа на предходното искуство, ја идентификувавме потребата од поефтини адаптирани ИТ уреди, кои може да бидат произведени или адаптирани локално.

Активностите во иновативниот центар се состојат од:

Истражување за веќе постоечка комерцијална компјутерска опрема и софтвер, како и можности за нејзина адаптација

Истражување за бесплатен софтвер (Linux, апликативен софтвер...)

Создавање и приспособување на адаптирани помагала и софтвер кој може да се реплицира или копира (глувче или џојстик со одвоен клик, специјални тастатури итн)

  Трансфер на знаење за адаптирање на компјутерски помагала.