Основачи на Отворете ги прозорците се: Тони Бачваровски го заврши средното образование во 1995 година и се стекна со диплома “Електротехничар за автоматика и компјутерска техника”. По завршувањето тој работеше како независен консултант во одржување на компјутерски системи и користење на Информатичката Технологија во мали и средни претпријатија. Од 1999 година работи во Хендикеп Интернационал како менаџер за Информатичка Технологија. Исто така работи и на административни и логистички задачи. Во 2005 година, тој e еден од основачите и претседател на здружението на граѓани Отворете ги прозорците. Адријана Прокопенко е родена 1979 година во Скопје, Македонија. Таа има целосно оштетување на видот и има завршено основно и средно училиште во Скопје. Од 1998 година до 1999 година, ја посетуваше меѓународата програма во САД во училиштето за слепи лица “Овербрук”. Таму, Адријана се здоби со знаење за работа на компјутер, вештини за ориентација и движење. Таа беше вклучена во различни проекти, и организираше многу настани. Го комплетираше нејзиното универзитетско образование на Источно Медитеранскиот Универзитет во Северен Кипар и дипломираше во 2003 година како Професор по Англиски јазик. Во 2005 година, таа e еден од основачите на здружението на граѓани Отворете ги прозорците. Основачите на Отворете ги прозорците го разбираат хуманитарниот сектор и имаат широко познавање и искусвто во работа со индивидуалци и организации на лица со хендикеп. Тие се поранешни вработени во Хендикеп Интернационал и успешно раководеа со различни проекти повеќе од 5 години. |