Сите документи кои ќе бидат развиени во рамките на активностите на Отворете ги прозорците, ќе бидат издадени и достапни во Ресурсниот центар, во печатена верзија и електронски формат на веб страната на здружението. Овие публикации во ресурсниот центар, ќе обезбедат трансфер на знаење од заедничкото искуство, наменети за целната група.
Публикации на ресурсниот центар:
• Упатства “Како да направиш…”, “Како да користиш …” • Упатство за апликација и употреба на опциите за пристапност во Microsoft Windows XP • Прирачник “Процес на настанување на хендикеп”-нов концепт на пристап до хендикепот • Каталог на постоечки ИТ адаптирани уреди и софтвер