Оваа програма се состои од две основни активности:

Тренинг

Во рамките на проектните активности, тимот ќе работи на градење на капацитети на различни групи кои влијаат на социјалната ситуација на лицата со хендикеп:

Организации на лица со хендикеп
Индивидуалци
Посебни и редовни училишта
Јавни институции, приватен сектор (интернет кафе-а, добавувачи на информатичка опрема, НВО во полето на информатичка технологија, приватни и јавни работодавци)

За да се постигне одржливост на програмските активности, ќе се реализира Општ Тренинг за Тренери во полето на пристапна Информатичка Технологија. Учесници на овој тренинг ќе бидат лица со различни категории на хендикеп.

Исто така, ќе се реализира Специфичен Тренинг за Тренери, каде што учесници ќе бидат лица со одредена категорија на хендикеп. Темите на овој тренинг ќе бидат поврзани со специфичните потреби на лицата –учесници.

онсултации

Здружението Отворете ги прозорците ќе обезбеди техничка поддршка и консултации за центрите за обука на компјутери на организации на лица со хендикеп, бизнис фирми, образовни институции и дневни центри, од сверата на информатичка технологија и пристап кон хендикепот. Консултациите ќе бидат обезбедени во следниве полиња:

Раководење со тренинг за пристапна Информатичка Технологија (ИТ) за лица со хендикеп

Консултации за апликација и употреба на адаптирани уреди за ИТ и софтвер

Фирми кои сакаат да имаат пристапна веб страна, како и да ги адаптираат нивните работни места според потребите за лицата со хендикеп