Languages

Вредни награди за учесниците на конкурсот

Отворениот конкурс за ученици и наставници ќе заврши на 26 април, во недела. Учесниците се натпреваруват во три категории: НАЈДОБРО ВИДЕО, НАЈДОБАР КОМПЈУТЕРСКИ ЦРТЕЖ И НАЈДОБРА КОМПЈУТЕРСКА ПРАКТИКА. За секоја категорија ќе има по тројца наградени. Најуспешните ги очекуваат еден лаптоп и осум таблети.

Свеченото доделување на наградите ќе се одржи на 30 април (четврток) во хотел „Холидеј ин“ во Скопје, со почеток во 11 часот.

Побрзајте, остана уште многу кратко време да ги мотивирате Вашите ученици и соработници да се пријават.

Конкурсот е распишан за 33 партнерски училишта во рамки на Проектот на УСАИД за е-пристано образование што „Отворете ги прозорите го спроведува веќе петта година.