Languages

Вклучете се во кампањата „Get Online Week“

Денес, официјално започна европската кампања „Get Online Week“, што ќе трае до недела, 24-ти март.
Во Македонија, „Отворете ги прозорците“ ќе ја промовира дигиталната инклузија во соработка со повеќе училишта, јавни институции, граѓански организации и медиуми.Дигиталната инклузија и поврзаните поими се накусо објаснети во летокот „Заедно во дигиталниот свет“ достапен на македонски и на албански јазик. Со објавувањето на летокот, „Отворете ги прозорците“ го означи почетокот на оваа европска кампања во Македонија.

 

 

 

Секој граѓанин може да ја даде својата поддршка преку пополнување на дигиталниот бројач

 

За текот на кампањата може да се информирате и на Facebook и Twitter.

 

 

 

Календар на активности

 

 

 

- Од понеделник до петок во основните училишта „Илинден“ од Крива Паланка, „Славко Лумбарковски“ од с. Новаци, „Симче Настевски“ од с. Вратница, „Васил Гавинов“ од Велес и „Песталоци“ од Скопје,  ќе се одржат работилници за безбедно користење на интернетот.

 

- На 19-ти март, вторник, студенти по логопедија од Медицинскиот факултет ќе го посетат Центарот за асистивна технологија и заедно со корисниците ќе ја дадата својата поддршка на кампањата.

 

- На 20-ти март, среда, во хотел „Порта“ ќе се одржи тркалезната маса на тема „Дигиталната инклузија во Македонија“, со учество на заменик-министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска-Томовска. 

 

- За 22-ри март, петок, закажани се два настани: Во посебното средно училиште „Св. Наум Охридски“ пред учениците ќе се одржи презентација за работата на Центарт за асистивна техологија. Во соработка со Универзитетот Трето доба ќе се одржи трибина на тема „Информатичката технологија и третото доба: Можност или потешкотија“ на Филозофскиот факултет во Скопје.