Средби за презентирање на изборните програми пред лица со попреченост
На првата учесвуваа г-ѓа Маја Морачанин, претставник на ДОМ, г. Зоран Шапурич, претставник на ЛДП и г-ѓа Драгана Кипријановска, претставник на ДС. На втората на прашања одговараа, г-ѓа Маја Савеска, претставник од ВМРО-ДПМНЕ, г-ѓа Мила Царовска, претставник од СДСМ и г. Ермонд Мифтари, претставник од ДПА.
Претставниците на политичките партии ги претставија активностите што планираат да ги преземат ако победат на изборите. Присутните, претежно лица со попреченост и нивни родители, ги кажаа своите предизвици и повикаа најитно да се реши прашањето на здравствената заштита, инклузијата во образованието и лицата со попреченот да добијат квалитетни услуги што ќе им овозможат подобро вклучивање во општеството.
Во периодот што следи, здружението ќе подготви анализа на политичките програми и во еден документ ќе ги објави сите предизборни ветувања во полето на попреченоста.
Активностите се дел од проектот „Мојот глас се брои“, финансиран од Цивика Мобилитас.