Languages

Се одржа тридневна обука во Охрид

Во јули, во хотел „Милениум“ во Охрид, Отворете ги прозорците одржа обука за стратешко користење на информациите од спроведените истражувања во рамки на проектот „Слушнете го нашиот глас“.

Целта на оваа обука беше да ја олесни подготвката на сеопфатен извештај за состојбата на правата на лицата со попреченост во Македонија и да се дефинира заедничка стратегија за користење на податоците од истражувањето пред механизмите за заштита на човековите права.

На обуката имаше четириесетина учесници, претставници на граѓански организации, националните и локалните власти и медиумите. Учесниците кои беа директно вклучени во истражувањето низ презентации споделија наоди од три клучни области: личните искуства на лицата со попреченост, политиките што ги спроведува државата и медиумската слика  во однос на попреченоста. 

 Обучувачите од партнерската организација, Центар за ориентација во заедницата (ЦОД) од Србија го олеснија процесот на дефинирање на идните чекори во насока на застапување и лобирање користејќи го  сеопфатениот извештај од мониторингот.

 Проектот „Слушнете го нашиот глас“, финансиран од Европска Унија, е дел од глобалната иницијатива за промоција на правата од областа на попреченоста (Disability Rights Promotion International - D.R.P.I.).