Languages

Промоција на моделот на е-пристапното образование

Денес, во Холидеј ин, Отворете ги прозорците во партнерство со УСАИД, одржа настан за промоција на е-пристапното образование во Македонија.

Преку видео и практична презентација, пред присутните беше претставено како асистивната технологија, како екрани на допир, тастатури со големи копчиња, тракболи и џојстици, ги зглемува можностите за образование за учениците со посебни потреби.

Практична презентација пред министерот за образование. Practical presentation in fron of the Minister of Education

„Како што технологијата го олеснува животот на луѓето без попреченост, таа уште повеќе им помага на лицата со попреченост во секојдневниот живот. Веќе петта година нашето здружение работи со УСАИД и со нашите образовни институции, да овозможиме да се подобрат образовните можности за учениците со попреченост во редовното образование“, рече во воведното обраќање Владимир Лазовски, извршен директор на „Отворете ги прозорците“.

„Учењето е пат кој отвора можности. Можностите овозможуваат индивидуален развој. И кога повеќе луѓе напредуваат, напредува и заедницата, економијата расте и ја поддржува стабилноста на демократијата. Различните модели на учење го зајакнуваат образованието и ја намалуваат стапката на криминал и сиромаштија. Од најголема важност е сите деца во Македонија да имаат пристап до квалитетно образование“, изјави директорот на минијата на УСАИД, г. Џејмс Стејн.

Министерот за образование и наука, г. Абдулаќим Адеми, исто така имаше воведно обраќање, а Министерот за информатичко општество и администрација, г. Иво Ивановски се обрати преку видео порака.

Е-пристапното образование подразбира  комбинација од пристапен хардвер и софтвер  и пред се’ луѓе – наставници, родители, професионалци во образованието, со знаења, вештини и подготвеност да овозможат подобри образовни можности за сите. Моделот на е-пристапното образование нуди основа за напредок и развој на децата со попреченост, за еден ден да станат рамноправни и активни граѓани кои придонесуваат во општеството.

Слика од присутните на настанот. Picture of the attendees at the event.