Languages

Посета на студенти од Медицинскиот факултет

На 12ти април, студенти при Медицинскиот факултет - Студии по логопедија во Скопје, беа во посета на здружението.

Посетата беше организирана од страна на проф. д-р Зора Јачова во рамките на предметот Алтернативна комуникација. Студентите имаа можност да се запознаат со употребата на алтенативните методи на комуникација и со помошната (асистивната) технологија. Практичната работа со корисници на различна возраст  им овозможи на студентите анализа на комуникациските вештини кај лицата со оштетен вид, комбинирани потешкотии, аутизам, Даунов синдром и тешки оштетувања на говорот и јазикот.

poseta_na_logopedi_2.jpg

Радмила презентира пред студентите

poseta_na_logopedi_3.jpg

Студентите со корисни на центарот за асистивна технологија

poseta_na_logopedi_1.jpg

Две студентки разгледуваат упатство за говорна табла

За оваа посета професорката Зора Јачова вели: „’Отворете ги прозорците’ на студентите им овозможи презентација на различни пристапи, непоходни за проценката и интервенцијата на лицата кои користат алтернативни методи на комуникација и помошна технологија“.

Оваа посета на студентите од Медицинскиот факултет е трета по ред, првите две беа реализирани во средината на месец март.