Languages

Одржливо вработување на лицата со попреченост

Отворете ги прозорците започнува иницијатива за вклучување на лицата со попреченост на отворениот пазар на трудот.

корисник на адаптиран работен простор

Целта е да се изнајде начин за одржливо вработување, којшто ќе понуди нови можности за нивен активен придонес во заедницата. Вработувањето е еден од клучните фактори за независно и самостојно живеење.

Во партнерство со здружението Конект, Отворете ги прозорците ќе соработува со компании од скопскиот регион кои сакаат да обезбедат пристапни и продуктивни работни места.

Се очекува спроведувањето на оваа иницијатива да започне наесен.