Languages

Недела на дигитално вклучување

Здружението „Отворете ги прозорците“ и во 2015 година е национален координатор на кампањата Get Online Week која ќе се спроведува во 24 европски земји. Во периодот од 23 до 29 март бројни организации од Европа ќе организираат различни активности кои ќе промовираат дигитално вклучување во своите земји.

Илина ја пополнува анкетата

Во одбележувањето на Get Online Week во Македонија  здружението „Отворете ги прозорците“ низ различни активности ќе вклучи основни и средни училишта, граѓански организации и медиуми. Со почетокот на кампањата ќе бидат објавени два конурси за училиштата, едниот за ученици (за најдобра творба: компјутерски цртеж или видео), а вториот за наставници (за најдобра практика за користење компјутер во настава). Дигиталната инклузија, особено на лицата со попреченост и возрасните лица, и значењето на компјутерските вештини за поттикнување на вработливоста на младите ќе бидат во фокусот на овогодишните активности.

Секој граѓанин на Македонија ќе може да ја даде својата поддршка преку пополнување на анкетниот прашалник, што ќе биде поставен на нашата веб-страница.

Сите активности на кампањата реализирани во Македонија ќе може да се следат на веб-страницата  на здружението, како и на Facebook и Twitter