Languages

Конкурс за ученици и наставници

Здружението „Отворете ги прозорците“ во рамките на Проектот на УСАИД за е-пристапно образование објавуваа два конкурси: конкурс за ученици и конкурс за наставници.

Конкурсот за ученици се однесува на изработка на ученички творби во две категории: компјутерски цртеж и кратко видео. Темата на конкурсот е „Моето училиште“. Конкурсот за наставници пак, се однесува на изработка на практики за користење компјутер во наставата кои поттикнуваат активно учество на учениците со посебни образовани потреби.

Учесници на конкурсот треба да бидат ученици и наставници од 33 партнерски училишта. Конкурсот за ученици има инклузивен карактер, па затоа ги повикуваме наставниците да поттикнат еднаков интерес кај учениците со и без посебни образовни потреби. На конкурсот за наставници особено ги охрабруваме наставниците да пријавуваат практики кои вклучуваат асистивна технологија во наставата.

Пријавувањето ќе се одвива по електронски пат. Рокот за пријавување е од 13 април (понеделник) до 26 април. Изборот на најдобрите творби и практики ќе го прави жири комисија.

За најдобрите обезбедени се скромни награди кои ќе се доделат на настан на крајот од месец април.

За повеќе информации одете на линковите подолу. Голема благодарност до Вероника Љоровска и Софија Пјевац што изработија видеа за најава на конкурсите. 

Конкурс за ученици                                                                                                                

   

 

 

 

  

 

 

 

Конкурс за наставници