Languages

Донација за центарот Порака од Неготино

Тимот на Отворете ги прозорците донираше асистивни уреди и софтвер во Центарот за помош на лица со ментален хендикеп Порака од Неготино. На 10 јули, тимот го посети центарот и одржа работилница за употребата на аситивните уреди и софтверските прилагодувања за полесен пристап до компјутерот.

корисниците на центарот играат компјутерски едукативни игри

Оваа активност беше поттикната од волонтерот на мисијата на Мировниот корпус во Македонија, Брајан Фицпатрик кој во април обезбеди средсва да го опреми центарот со нови компјутери. Заедничката соработка овозможи пристап до информатичката технологија за 55 корисници на центарот.

Ова е втора донација за Центарот Порака од Неготино. Во 2008 година Отворете ги прозорците донираше два компјутери и асистивни уреди и одржа дводневна обука за вработените.