Languages

Доделени наградите за најуспешните на конкурсот „Моето училиште“

„Отворете ги прозорците“ во четвртокот одржа свечена церемонија за доделување на наградите од конкурсот за ученици и наставници, организиран во рамки на Проектот на УСАИД за е-пристапно образование. Беа доделени награди во три категории: најдобар компјутерски цртеж, најдобро видео и најдобра компјутерска практика.

Публиката беше составена претежно од деца, придружувани од нивните наставници, кои нетрпеливо очекуваа да ги дознаат резултатие. Возбудата беше поголема бидејќи добитниците на награди претходно не беа информирани.

публика на настанот за доделување на наградите

 Наградите ги доделуваа претставници на образовни институции и директорот на мисијата на УСАИД во Македонија Џејмс Стејн. Презентерите ги доделуваа наградите во пар со двајца средношколци и една студентка со различен вид на попреченост.

Најуспешни практики имаа поднесено наставниците од основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ од Свети Николе. Во категоријата најдобар компјутерски цртеж, првото место го поделија две ученички, Надица Близнаковска и Виолета Андонова, од основното училиште „Јосип Броз Тито“ од Валандово, а наградата за најдобро видео ја понесе ученик од основното училиште „Владо Кантарџиев“ од Гевгелија.

Конкурсот „Моето училиште“ беше инклузивен, творби можеа да пратат сите ученици. Најемотивниот момент на настанот беше кога пред присутните се обрати менторот на победникот во категоријата најдобро видео, Мими Зајкова Батанџиева: „Денес сум посебно горда на учениците од моето училиште. Видеото го правеа сите ученици од каласот, а како автор го потпишаа нивниот другар Виктор кој е ученик со попреченост. Денес Виктор доби таблет кој ќе му помогле во учењето.

Конкурсот беше организиран во рамки на Проектот на УСАИД за е-пристапно образование и имаше за цел да ги мотивира учениците и наставниците да ги користат информациско комуникациските технологии.

ДОБИТНИЦИ НА НАГРАДИ

Категорија најдобар компјутерски цртеж:

Прва Награда

Надица Близнаковска и Виолета Андонова – ООУ „Јосип Броз Тито“ од Валандово

Ментори: Ѓурѓа Ризова и Виолета Гошева

Втора награда

Давор Стојкоски – ООУ „Гоце Делчев “ од  Прилеп           

Менторка: Сузана Здравеска

Трета награда

Еда Јусуфи – ООУ „Братсво-Единство “ од Охрид

Менторка: Енисер Ајредин

Категорија најдобро видео:

Прва награда

Виктор Тимов - ООУ „Владо Кантарџиев“ од Гевгелија

Менторки: Татјана Илин и Мими Батанџиева Зајковска

Втора награда

Арсовска Гала – ООУ „Магдалена Антова“ од село  Карпош, Куманово      

Менторка: Ирена Богатиновска   

Трета награда

Филип Ристески - ООУ „Владо Кантарџиев“ од Гевгелија

Менторки: Борка Јанчева и Мими Батанџиева Зајковска

Категорија најдобра компјутерска практика:

Најиновативна практика

Иле Михајловски – одделенски наставник во ООУ „Кирил и Методиј“ од Свети Николе 

Практика која најмногу користи информатичка категорија и/или асистивна технологија

Гордана Јованоска – наставничка по информатика во ООУ „Климент Охридски“ од Прилеп

Најголем број на квалитетни практики

Николетка Паневa – одделенска наставничка во ООУ „Кирил и Методиј“  од Свети Николе (подрачно училиште во с. Долно Ѓуѓанце)