Languages

ЕНТЕЛИС

ЕНТЕЛИС соединува девет партнери од цела Европа и една организација од САД. Членовите на проектот вклучуваат неколку големи европски чадор организации, како и голем број национални организации, а сите тие нудат различна експертиза во полето на попреченост и асистивната технологија.

лого на проектот ентелис

Развојот на мрежата дополнително е поддржан од голем број здружени партнери. За да ја погледнете целата листа, посетете ја веб страницата http://www.entelis.net/

Почетната фаза на проектот е поддржана со грант од Европската комисија, во рамките на Програмата за доживотно учење.

Нашата стратегија е да се создаде одржлива мрежа за размена на знаења и да се поддржи развојот на политики во однос на:

• Стекнување знаења во врска со ИКТ и ИКТ-АТ за лицата со попреченост;

• Улогата на ИКТ и ИКТ-AT во образовните процеси кои вклучуваат лица со попреченост.